21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаполи го сака и Шкртел

Наполи го сака и Шкртел

skrtel

Тренерот на Наполи, Рафаел Бенитез е на пат да земе уште еден фудбалер од неговиот поранешен клуб, Ливерпул. Откако го доведе шпанскиот репрезентативец Пепе Реина, италијанскиот клуб е на пат да ги обезбеди услугите и на централниот дефанзивец, Мартин Шкртел.

Според медиумите во Италија, Словакот се согласил да премине во Наполи, а во касата на Ливерпул се очекуваат да влезат 7 милиони евра, плус  три во име на бонуси.

Менаџерот на „црвените“ Брендон Роџерс дал зелено светло за трансферот бидејќи во клубот веќе пристигна дефанзивецот од Манчестер Сити, Коло Туре, а раководството е на добар пат да го обезбеди и потписот на Гркот, Пападопулос од Шалке.

Имено, „црвените“ за потписот на грчкиот дефанзивец веќе понудија 16 милини евра, сума која се верува дека ќе биде доволна за челниците на Шалке да го ослободат младиот дефанзивец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП