Иако поминаа само неколку дена откако „Samsung“ ја претстави серијата телефони „Galaxy S21“, видеата за расклопување на уредот веќе започнаа да се појавуваат. Првиот од нив доаѓа од „YouTube“ каналот „PBKreviews“ и ни дава добар увид во внатрешноста на моделот „Galaxy S21“.
Како што можете да видите, „Samsung Galaxy S21“ не се разликува премногу од моделот „Galaxy S20“ кога станува збор за внатрешноста. Двата телефони имаат слична конструкција, со панел во горниот дел, веднаш до модулот на камерата. Батеријата е скриена под подлогата за безжично полнење.

