Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ беше двоен стрелец синоќа во триумфот над Каљари (2:0) во натпреварот од 18. коло на Италијанскиот фудбалски шампионат. За 39-годишниот Швеѓанец овие погодоци се први во 2021 година.
Така, Ибрахимовиќ се запишува во листата на стрелците 23 години по ред. За прв пат тој постигна гол на 30 октомври 1999 година како дел од матичниот клуб Малме. Напаѓачот играше во Шведска до 2001 година, по што се пресели во Ајакс.

