9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФорд ја затвори фабриката во Британија

Форд ја затвори фабриката во Британија

ford

Компанијата Форд и официјално ја затвори својата фабрика во Саутемптон каде што го произведуваше моделот Транзит.

Планот за затворање беше најавен уште во октомври минатата година, заедно со претставувањето на новите планови за производство на моделот Транзит во фабриката на Форд која се наоѓа во Турција, каде трошоците за производство се значително помали во однос со оние во Британија.

Транзит се произведуваше во Британија повеќе од 40 години, а во тој период произведени се преку 2 милиони возила.

Од Форд истакнаа дека поголемиот дел од 531 вработени доброволно ги прифатиле опремнините, 134 работници се распределени во останатите обновени делови од погоните на Форд, додека преостанатите 41 работник се префрлени во други области во работењето на компанијата или заминале во предвремена пензија.

Покрај оваа Форд ја затвори и фабриката во Дагенхам каде дополнителни 750 вработени остана без работа или беа прераспоредени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП