Во февруари 2021 година, дури седум планети ќе се соберат во знакот на Водолија, создавајќи астролошки сетлиум. Тие планети се: Сонцето, Месечината, Меркур, Венера, Јупитер и Сатурн, како и астероидот Палас.
Во февруари нè чека вистинска астролошка драма, а трите знаци на Зодијакот најмногу ќе ги почувствуваат големите промени! Поради ретрограден Меркур (30 јануари – 20 февруари), месец февруари ќе биде исклучително интересен. Енергијата и целокупната атмосфера ќе бидат многу попозитивни отколку во јануари.
Меркур ќе биде ретрограден 3 пати оваа година, и тоа секој пат во воздушниот знак – 30 јануари – 20 февруари во Водолија, 29 мај – 22 јуни во Близнаци и 27 септември – 18 октомври во Вага.

Близнаци
Посебно значење
Преминувањето на Сонцето во бунтовната Водолија преку деветтата куќа ќе донесе олеснување, ќе се чувствувате како да сте на врвот на светот. Без разлика дали планирате патување или професионална обука, секогаш ќе бидете фокусирани на лични цели. Вашата владејачка планета Меркур ќе биде ретроградна во домот за кариера.
Искористете го ова време за да ги прегледате, рефлектирате и преоцените вашите професионални цели. Исто така е добро време да ги поставите потребните граници во деловното опкружување.

Вага
Одличен период полн со успех
Ваги, дали сте подготвени за голем успех? Во февруари ќе бидете во центарот на вниманието на неколку начини и во тоа ќе уживате. Ќе имате силна желба, но и можности за хуманитарна работа. Здравјето ќе цвета.
Полна месечина во Лав ќе ја разниша вашата куќа на пријателството, но тоа нема да биде лошо, напротив, ова ќе донесе јасност во оваа област од вашиот живот, а вашите надежи, желби и соништа ќе се искристализираат и нема да бидат пречка да ги достигнете. Исто така, ќе уживате во полето на љубовта.

Водолија
Благослов до благослов
Ова е година на Водолиите и може да биде најдобрата во вашиот живот!
Прославете го роденденот! Ќе имате причина да се смеете во текот на целиот месец февруари. Вашиот владетел Уран сега оди право и тоа е само по себе предност за вашиот знак.
Меркур ќе влезе во вашата област на финансии на почетокот на месецот, така што финансиската состојба ќе се подобри.
Полна месечина во Лав ќе го разниша полето на љубовта, но со овој „земјотрес“ многу работи ќе ви станат појасни и ќе знаете во кој правец треба да одите кога станува збор за вашиот сегашен партнер.