20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМногумина ги сметаат за „грди“, но „Crocs“ објави рекордна продажба за 2020-та

Многумина ги сметаат за „грди“, но „Crocs“ објави рекордна продажба за 2020-та

Најсилната година за „Crocs“ се случи во услови на глобална пандемија.

Опишани од многумина како „грди“ влечки, се очекува да забележи рекордна продажба за 2020-та година.

Вчера „Crocs“ ја зголеми прогнозата за четвртиот квартал (завршувајќи на 31-ва декември) и за целата 2021-ва година.

Очекувањата на компанијата се веќе за раст на приходите за четвртиот квартал за околу 55% ​​на годишно ниво од 407-410 милиони долари. Претходната прогноза беше за зголемување од 20-30%.

„Crocs“ исто така очекува продажбата да порасне за повеќе од 12% за цела 2020-та година на рекордни 1,38 милијарди долари. Компанијата предвидува и раст на продажбата од 20% – 25% во 2021-ва година.

Од „Crocs“ сè уште не го објавија датумот на кој ќе ги презентираат своите резултати од четвртиот квартал, информира „CNN Business“.

Инвеститорите се радуваа на вчерашните вести, бидејќи акциите на „Crocs“ пораснаа за повеќе од 12% до 74,91 долари по акција на „Nasdaq“.

– Во контекст на глобална пандемија во 2020-та година, ќе ги пријавиме најголемите приходи во историјата на „Crocs““, изјави извршниот директор Ендру Рис. „Импулсот што го доби нашиот бренд е исклучителен и очекуваме уште една рекордна година во 2021-ва година“, додаде тој.

За време на пандемијата, повеќе млади потрошувачи гравитирале околу марката, според Рис.

„Тоа се помлади потрошувачи, претежно жени. Ова е главен двигател на растот на продажбата во Северна Америка. Како што напредуваше годината, овој тренд порасна на нови помлади машки потрошувачи“, рече тој.

Компанијата исто така успеа да оствари неколку соработки кои веројатно помогнаа во промовирање на брендот меѓу милениумците и „Generation Z“ кои го сакаат „TikTok“.

Во 2020-та година, „Crocs“ воведе специјални колекции во партнерство со голем број уметници и брендови, вклучувајќи ги Пост Мелоун, Џастин Бибер и „KFC“. Блескавите чевли во мракот од серијата со латинскиот уметник „Bad Bunny“ беа распродадени кратко по објавувањето во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП