
Медиумите на Островот тврдат дека англискиот шампион Манчестер Јунајтед ќе испрати понуда за фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ. Според последните информации раководството на „црвените ѓаволи“ ќе се обиде да го израдува новиот менаџер Дејвид Мојс, така што ќе доведат барем едно ѕвездено име, откако пропадна обидот да го вратат на „Олд Трафорд“ Кристијано Роналдо, а потоа и можностите за доведувење на Герет Бејл и Цеск Фабрегас.

