25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПрва информација: Како (веројатно) ќе изгледа „iPhone 13“?

Прва информација: Како (веројатно) ќе изгледа „iPhone 13“?

Првите (неофицијални) информации за тоа како може да изгледа следниот „iPhone“ веќе се појавија на Интернет. Според овие тврдења, „iPhone 13“ ќе го задржи истиот дизајн како и сегашната 12-та генерација, но ќе биде за нијанса подебел.

Се верува дека „iPhone 13“ ќе биде достапен во четири варијанти, така што може да се очекува дека ќе ги задржи сите тековни големини на екранот.

Овие екрани ќе бидат идентични со моделот „iPhone 12“, со прави рабови, но ќе имаат помал исечок на горниот дел од екранот. Ширината и висината на телефонот ќе бидат исти како кај сегашната генерација, но дебелината на телефонот ќе се зголеми за 0,26 мм.

Кога станува збор за камерите, можни се некои промени во нивниот дизајн. „Apple“ ќе ги покрие сите три леќи со сафир кристал, така што целиот систем на камера ќе биде визуелно интегриран.

Хардверските модули на камерата на „iPhone 13 Pro“ и „iPhone 13 Max“ ќе бидат исти, така што двата модели се очекува да имаат идентични карактеристики. Актуелниот „iPhone 12 Pro Max“ е единствениот со оптички зум 2.5X и подобра оптичка стабилизација, па затоа се издвојува од моделот „iPhone 12 Pro“.

Претходно беше објавено и дека комплетната серија телефони на „iPhone 13“ ќе има „LiDAR“ скенери, а не само „Pro“ моделите, како што е случајот сега.

Минг-Чи Куо, еден од најпознатите и најпрецизни аналитичари и „инсајдери“ на „Apple“, смета дека производството и презентацијата на моделите од оваа година ќе ја следат воспоставената пракса, така што можеме да очекуваме да бидат пуштени во продажба во текот на септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП