25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку се опасни средствата за чистење ?

Колку се опасни средствата за чистење ?

Средствата за дезинфекција можат да не чинат живот, вели најновата студија. Или барем доживотно боледување од најсуровото заболување на белите дробови. А, најзагрозени се хигиеничарките и медицинските сестри.

Најновата студија покажа дека користењето на избелувачи и производи за чистење на домаќинството може за три пати да ја зголеми можноста за добивање на фаталната болест на белите дробови – ХОПБ. Иако оваа хронична болест најчесто се поврзува со пушењето (32 % од случаите), научниците сега предупредуваат дека вдишувањето на хемикалии носи ист ризик.

Всушност и претходните студии докажаа допирни точни меѓу астмата со средствата за дезинфекција, а ова е прво во кое се нагласува и опасноста од хроничната опструктивна пулмонална болест – ХОПБ.

Кај заболените од оваа болест дишните патишта се стеснуваат и личноста која боледува дише отежнато и многу брзо се заморува. Болеста е хронична, лекување нема, а со тек на време може да стане само полошо. Лекувањето подразбира забавување на развојот на болеста.

Американските истражувачи го испитаа изложувањето на специфични средства за дезинфекција, како глутарaлдехид – силно средство за дезинфекција на медицинските инструменти, потоа избелувачите, хидроген пероксид, алкохолот и кватернанин – амониум соединение, кои главно се користат за чистење на површините како што се подовите и мебелот.

Овие хемикалии се поврзани со ХОПБ со 24 до 32 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП