ПочетнаИНТЕРЕСНОПозната сумата за која Погба ќе се пресели во ПСЖ

Позната сумата за која Погба ќе се пресели во ПСЖ

Фудбалерот за врска на Манчестер јунајтед, Пол Погба, ќе му се приклучи на Пари Сен-Жермен во летниот преоден рок, пренесува „Express Sport“.

Според британскиот портал, 27-годишниот Французин ќе ги чини парижаните 101 милион евра.

Оваа сезона, Погба одигра 13 натпревари за премиерлигашот на кои постигна еден гол и направи една асистенција.

За Погба интерес покажуваше и италијанскиот шампион Јувентус.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП