16 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаучниците предупредуваат: Земјата се врти толку брзо што 2021 година ќе биде...

Научниците предупредуваат: Земјата се врти толку брзо што 2021 година ќе биде најкратка во последните 50 години

Иако можеби не ни изгледа така, но Земјата се врти побрзо и побрзо. Научниците откриле дека се зголемува брзината со која Земјата се врти околу својата оска, што ќе резултира во „пократка“ година.

Имено, како што појаснуваат, на ротацијата на Земјата влијаат голем број фактори од атмосферата и океаните до нејзиното течно јадро. Сепак, поради побрзата ротација, тие проценуваат дека во просек денот во текот на 2021 година ќе биде за 0,05 милисекунди пократок од вообичаеното. Можеби тоа не изгледа многу, но кога ќе соберете колку дена во текот на годината ќе бидат пократки, доаѓаме и до пократка година.

Последен пат просечниот ден бил пократок од 86.400 секунди во текот на целата година во 1937 година, предупредуваат научниците.

За просечниот човек, ова не значи многу, но може да се појават проблеми за технологијата која ги користи атомските часовници точно и прецизно да извршува одредени задачи во астрономијата, навигацијата, компјутерските мрежи и слично. Ако ротацијата на Земјата се промени доволно, атомските часовници ќе станат неточни, што значи дека ќе треба да додадат или одземат секунда за повторно да се усогласат.

Таквата пракса на вметнување дополнителни секунди беше воведена во 1972 година и оттогаш беа додадени само 27 „дополнителни“ секунди.

Но, научниците предупредуваат дека во овој случај треба да се „одземе“ секунда за часовниците да „фатат“ чекор со Земјата. Дали навистина ќе биде одземено, во моментов е тешко да се каже, бидејќи постои глобална дебата за иднината на „дополнителните“ секунди или дали часовникот и ротацијата на Земјата треба да се усогласат на овој начин.

Од една страна, научниците се залагаат да се дозволи продолжување на разликата на еден час, по што тој час едноставно ќе се додаде таа година. Како што се додава денот во престапната година. И додека ова би ја поедноставило работата на телекомуникациските мрежи, астрономите ќе треба сами да го пресметуваат времето додека часот официјално не се додаде.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП