ПочетнаИНТЕРЕСНОВајналдум сака поголема плата за да остане на „Енфилд“

Вајналдум сака поголема плата за да остане на „Енфилд“

Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Џорџињо Вајналдум, планира да остане во клубот, но ситуацијата со неговиот договор е доведена во прашање.

Според „Атлетик“ 30-годишниот Холанѓанец сака долгорочен договор со значително зголемување на платата. Играчот има намера да добие исто колку и високоплатените соиграчи.

Политиката на клубот е да не се потпишуваат долгорочни договори за играчи постари од 30 години, па останува да се види исходот од преговорите.

Трнеерот Јирген Клоп е уверен дека договорот на крајот ќе биде склучен, но засега ситуацијата е во нејасност. Беше објавено дека Барселона е заинтересирана за Вајналдум.

Тековниот договор на фудбалерот е со важност до летото 2021 година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП