Алекс Аполинарио, 24-годишниот бразилски фудбалер на португалскиот клуб Алверса почина четири дена откако доби срцев напад сред натпревар во неделата и веднаш беше поставен во медицински индуцирана кома.
Фудбалерот од средниот ред на Алверса, колабираше на теренот по помалку од час игра, по што добиваше медицинска помош со дефибрилатор 25 минути пред да биде однесен во болницата „Вила Франка де Чира“. Од клубот објавија дека ќе ја дадат целосната поддршка на семејството на Аполинарио и објавија дека ги стопираат сите активности.

