9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн дава над 40 милиони фунти за Луис

Баерн дава над 40 милиони фунти за Луис

luis

Европскиот клупски првак Баерн Минхен е подготвен да достави понуда од над 40 милиони фунти за дефанзивецот на Челзи, Давид Луис, објавија англиските медиуми.

Износот може да се зголеми до 45 милиони фунти, доколку се додадат бонусите за постигнати резултати, нормално доколку трансферот се оствари.

Според англиските медиуми тренерот на „баварците“ Пеп Гвардиола ја обожува играта на Луис уште додека ја водеше Барселона и е решен да ја зајакне одбраната со него, по поразот со 2:4 од Борусија Дортмунд во Суперкупот на Германија.

Во исто време, според многумина експерти бразилецот не се вклопува во концептот на Жозе Мурињо. Но сепак Португалецот веќе најави дека нема да продава никој од своите фудбалери до крајот на летниот преоден рок, но примамливата понуда од Минхен може да го натера да размисли.

„Неговиот потенцијал е неверојатен, тој секогаш мора да игра. За мене Луис е централен дефанзивец”, изјави неодамна Мурињо за бразилскиот репрезентативец.

26-годишниот фудбалер го обнови својот договор со Челзи минатиот септември, потпишувајќи до летото 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП