3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Гардијан“ го избра Левандовски за фудбалер на годината

„Гардијан“ го избра Левандовски за фудбалер на годината

Фудбалерот на годината во изборот на ФИФА, Роберт Левандовски, го доби признанието за најдобар играч во 2020 година и во традиционалната анкета на британскиот весник „Гардијан“.

Зад полскиот напаѓач од редовите на европскиот првак Баерн Минхен се најдоа капитенот на Барселона, Лионел Меси, и Кристијано Роналдо од Јувентус.

Во топ десет во изборот на „Гардијан“ се и Кевин Де Брујн (Манчестер сити), Садио Мане (Ливерпул), Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд), Килијан Мбапе (ПСЖ), Мохамед Салах (Ливерпул), Нејмар (ПСЖ) и Вирџил Ван Дајк (Ливерпул).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП