23 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСледната година може да пристигне „Apple TV“ со фокус на игрите

Следната година може да пристигне „Apple TV“ со фокус на игрите

Ажурирањето на „Apple TV“ се очекува веќе извесно време, имајќи предвид дека сегашниот уред од 5-та генерација беше објавен во 2017-та година. Гласините сугерираат дека наскоро ќе дојде освежениот „Apple TV“.

Некои гласини сугерираат дека новиот уред ќе има повеќе простор за складирање, па дури и чип „U1“ што ќе го претвори „TV“ во нова базна станица „Ultra Wideband“. Сепак, гласините не застануваат тука. Најновите информации покажуваат дека претстојниот „Apple TV“ ќе биде за оние кои сакаат игри.

Според извештајот на „Bloomberg“, следната година се очекува освежен „Apple TV“. Новиот уред треба да добие надграден далечински управувач, подобрени функции, нов процесор и простор за складирање до 128 GB.

Исто така, се појавија информации дека новиот „Apple TV“ може да ја има апликацијата „Find My“. Гласините покажуваат дека уредот ќе го користи процесорот „A14“.

Најрелевантна информација за гејмерите е можноста за имплементација на „Apple Arcade“ и дека „ТV“ ќе може да стартува ексклузивни игри што не се достапни на постојните модели на „Apple TV“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП