4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛевандовски ги победи Меси и Роналдо за наградата на ФИФА

Левандовски ги победи Меси и Роналдо за наградата на ФИФА

Роберт Левандовски е освојувач на наградата „ФИФА бест“ за најдобар фудбалер во 2020 победувајќи ги легендарните Лионел Меси и Кристијано Роналдо откога имаше фантастична сезона предводејќи го Баерн Минхен до титули од германскиот куп, Бундеслигата и Лигата на шампионите.

Во 2019/2020 Левандовски постигна вкупно 55 гола во 47 меча, од кои 34 во Бундеслигата и 15 во Лигата на шампионите во една блескава сезона. Тој веќе ја доби наградата на УЕФА за најдобар во 2019/2020, но ќе му избега најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, „Златната топка“, на „Франс фудбал“, откако организаторот реши да не го доделува трофејот поради пандемијата на Ковид-19.

ФИФА исто така го објави својот најдобар тим за 2020: Алисон Бекер (Бразил, Ливерпул), Трент Александер-Арнолд (Англија, Ливерпул), Серхио Рамос (Шпанија, Реал Мадрид), Виргил ван Дајк (Холандија, Ливерпул), Алфонсо Дејвис (Канада, Баерн Минхен), Кевин де Брујне (Белгија, Манчестер сити), Тијаго Алкантара (Шпанија, Ливерпул), Џошуа Кимих (Германија, Баерн Минхен), Лионел Меси (Аргентина, Барселона), Кристијано Роналдо (Португалија, Јувентус) и, секако, Левандовски.

Луси Бронз, од оваа сезона фудбалерка на Манчестер сити, е прогласена за најдобра фудбалерка откако со Англија стигна до бронзениот медал на Светското првенство.

Претходно, Јирген Клоп од Ливерпул беше прогласен за најдобар тренер, а Сон Хеунг-Мин од Тотенхем беше добитник на наградата за најдобар гол, Пушкаш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП