26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТројно зголемување на профитабилноста? „Continental“ бара одговори...

Тројно зголемување на профитабилноста? „Continental“ бара одговори…

Германската компанија „Continental AG“, вториот по големина производител на автомобилски компоненти во Европа, разгледува начини да расте побрзо од своите ривали во индустријата, како и скоро тројно да ја зголеми својата профитабилност откако започна длабоко преструктуирање под водство на извршниот директор Николај Цетцер.

„Continental“ се стреми кон прилагодена маргина на профит пред камати и даноци помеѓу 8 и 11% на среден рок, објави германскиот концерн, во споредба со неговата прогноза за околу 3 проценти маржа за оваа година.

Производителот разговара за опциите за купување компании, продажба на средства и склучување партнерства за да ги постигнат своите цели.

Кон крајот на октомври, „Continental“ предвремено се раздели со поранешниот извршен директор Елмар Дегенхарт, кој им укажа на Надзорниот одбор дека неговото здравје е причина што ја напушти компанијата.

Откако го замени Дегенхарт, Цетцер се фокусираше на растот и технолошкиот развој.

„Ќе гарантираме дека оние производи што веќе имаат водечки позиции во заситеното пазарно опкружување ќе останат профитабилни“, рече тој.

„Continental“ претрпува голема трансформација бидејќи автомобилската индустрија започнува процес на постепено електрифицирање, при што на повеќето нови автомобили им се потребни помалку компоненти од конвенционалните возила со мотори со внатрешно согорување.

Компанијата соопшти дека планира да се фокусира на автомобилски софтвер, компјутерски системи, технологии за автономно возење, дигитални услуги, гуми и бизнисот „ContiTech“.

Во моментов, пазарната вредност на компанијата достигнува 24 милијарди евра, што е значително помалку од 37,5 милијарди евра што компанијата сака да ги генерира од продажба во оваа година.

Минатиот месец „Continental“ соопшти дека се очекува профитабилноста да се намали по четврти пат во последните пет години. Претходно, предвидуваше маргина на профит од 5,5% до 6,5%, но ја повлече таа прогноза во април, наведувајќи ја штетата од пандемијата со Ковид-19.

Во последниве денови, „Continental“ одржа серија брифинзи за да им го потенцира на инвеститорите својот технолошки напредок во областите на автомобилскиот софтвер и автономното возење до поврзаноста на превозните средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП