Тренер на Ливерпул, Јирген Клоп во пресрет на денешниот натпревар со Тотенхем зборуваше за лидерската позиција на ривалот во Премиер лигата.
– Не сум изненаден. Нивните резултати се многу импресивни, тие играат одлично оваа година. Мурињо ги претвори во машина за постигнување резултати, и тоа навистина е така. Тие победуваат дури и кога не се во најдобра форма. Има периоди кога се бранат со целиот тим, што е многу импресивно. Во нивниот тим се издвојуваат Кејн и Сон, но дури и да бидат неутрализирани, Тотенхем има уште многу други добри играчи, рече Клоп.

