27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGalpin GTR1 со преку 1000 KS

Galpin GTR1 со преку 1000 KS

galpin-gtr1-1

Американската тјунинг компанија „Galpin Auto Sport“ веќе со години модифицира широк спектар на автомобили, на тој начин правејќи ги нешто сосема друго.

Со толкаво искуство инженерите на „GAS“ сакаа нов предизвик и најдобро решение за тоа беше создавање на потполно нов автомобил кој наскоро ќе го има и своето официјално деби.

Возилото се нарекува „GTR1“ и претставува модерна интерпретација на „Ford GT“. Го придвижува вистински „ѕвер“ од мотор и тоа 5.4-литарски V8 со два турбо компресори.

galpin-gtr1-2

Резултатот ќе биде со зачудувачки перформанси или 1025 KS и максимална брзина од преку 360 km/h. За сега овие податоци се неофицијални поради тоа што од компанијата не е објавено никакво соопштение кое ќе ги потврди овие информации.

Во секој случај станува збор за модел кој и тоа како ќе им се допадне на љубителите на големите брзини, особено имајќи ја во предвид поврзаноста со „GT“, спортската икона која се произведуваше само две години.

„Galpin GTR1“ најверојатно своето деби ќе го има на манифестацијата „Пебл Бич“ која се оддржува во август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП