4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенгер во одбрана на Озил

Венгер во одбрана на Озил

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, застана во одбрана Месут Озил, нарекувајќи го „фудбалски уметник“.

Озил, кој со неделна плата од 350.00 фунти е меѓу најплатени играчи на Арсенал, нема настап за својот клуб од 7 март годинава, а тренерот Микел Артета неодамна беше недвосмислен дека Германецот не е во неговите планови за оваа сезона.

„Да се работи со Озил воопшто не е тешко. Тој беше момче со посебни квалитети како креативен играч и имаше потреба да се забавува. Тој е уметник и таквите луѓе се почувствителни. Имаат потреба од поддршка, која кога ќе ја добијат го покажуваат најдоброто од себе“, изјави Венгер. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП