Американската технолошка компанија „Oracle“ ги надмина прогнозите за приходите и профитот на „Wall Street“ за својот втор фискален квартал, откако тенденцијата за работа од далечина ги поддржуваше нивните облачни производи и продажбата на лиценци за софтвер, пренесува „Reuters“.
Компанијата ги засили своите облачни услуги во кварталот откако луѓето продолжија да работат од дома, што пак помогна да ја зајакне нејзината позиција во однос на облачните понуди на поголемите конкуренти како што се „Microsoft“ и „Amazon.com“.

