Прототипот на ракетата „Старшип“ на компанијата “Спејс Екс”, експлодираше за време на обидот за враќање назад. Експлозијата се случила неколку минути по пробното полетување од погонот за лансирање на компанијата во Тексас, за што се појавија видеоснимки.
Уништената ракета „Старшип“ беше прототип на ракетата за лансирање висока 52 метри, развиена од приватната вселенска компанија на Илон Маск за пренесување луѓе и 100 тони товар во идните мисии на Месечината и Марс.

