27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако ќе изгледа MINI во иднина

Како ќе изгледа MINI во иднина

min

Судејќи врз основа на концептот „Vision“ кој „MINI“ го претстави како најава на новата генерација на својот хечбек, автомобилиот суштински нема да се разликува од акутелниот модел.

Дизајнот на надворешноста се надоврзува на класичните линии по кој „MINI“ е препознатлив.

За разлика од дводелната маска на ладилникот кај актуелниот модел, на коцептот таа е обликувана како една целина.

На краевите на предниот браник се наоѓаат вертикални отвори за воздух, а светлата за магла наместо од страните се поставени внатре во маската. Покрај тоа фаровите се нешто поголеми, па новиот концепт остава впечаток на спортски автомобил со нагласено агресивен преден дел и со унапредена аеродинамика.

min1

Фаровите се изведени во LED технологија со интересно решение за дневните светла кои се во вид на прстен во рамката на фаровите.

Покрај двобојната каросерија тука се и металик деталите со кои се обележани долните делови на каросеријата, како што се праговите и лаковите на крилата.

На задниот дел на „MINI Vision“ доминира кровниот спојлер и големите стоп светла, како и централно поставената издувна цевка.

min2

За разлика од надворешниот, во ентериерот повеќе се експериментирало и со тоа е нагласен футурисичкиот изглед.

Некои решенија, како што е новиот изглед на инструмент таблата со брзинометарот и обртомерот кои се наоѓаат директно пред возачот, се очекува да бидат применети и на серискиот модел за 2014-та година.

Се очекува новиот „MINI“ да има премиера на саемот во Франкфурт во септември 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП