Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба признава дека му било потребно долго време за физички да се опорави од корона вирусот, велејќи деке не можел да трча во првиот меч од новата сезона.
Погба беше позитивен на Ковид-19 на 27 август, повлекувајќи се од првите мечеви за Франција, поминувајќи 10 дена во карантин, пред да се врати на тренинзи со Јунајтед и да биде во првиот состав на мечот со Кристал палас на 19 септември. 27-годишниот Французин се мачеше со формата при 3:1 поразот, и потоа следуваше падот во формата и губењето на местото во првиот тим на Оле Гунар Солскјер.

