5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер јунајтед подготвува нов договор за Фернандез со 200.000 фунти неделна плата

Манчестер јунајтед подготвува нов договор за Фернандез со 200.000 фунти неделна плата

Манчестер јунајтед планира да му предложи продолжување на соработката и двојно повисока плата на Португалецот Бруно Фернандез, кој сезонава е клучна алка во играта на „црвените ѓаволи“.

Лондонски „Мирор“ пишува дека раководството на премиерлигашот е подготвено да му ја удвои платата на 26-годишниот Фернандез, кој со новиот договор би заработувал 200.000 фунти неделно.

Причината за раздвиженоста во Јунајтед, како што наведува „Мирор“ е интересот кон Фернандез од страна на Барселона и Реал Мадрид, и намерата на „црвените ѓаволи“ да го задржат Португалецот во своите редови.

Фернандез дојде во Манчестер јунајтед од Спортинг Лисабон во јануари годинава за 55 милиони евра, и на 16 натпревари постигна десет голови, додавајќи шест асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП