Поранешниот англиски репрезентативец, Стив Хоџ, човекот кој се смени со дресовите со Диего Марадона по славното четврт-финале на Светското првенство во 1986 година, вели дека дресот со кој се постигнати двата најславни гола на „Ел пибе дел оро“ не се на продажба, иако проценката е дека е вреден околу 2 милиони долари.
Хоџ, во интервју за „Би-би-си“ открива дека имал непријатна недела во која постојано добивал прашања за дресот на Марадона по неговата смрт на 60-годишна возраст. 58-годишниот Хоџ се смени со дресовите со Марадона на „Ацтека“ во Мексико Сити, откако тој постигна два славни гола – еден со рака (Божјата рака) и еден со неверојатен дриблинг за да се пласираат во полуфиналето. Дресот се чува во „Националниот фудбалски музеј“ во Манчестер.

