29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung ќе престане да ја произведува Galaxy Note линијата

Samsung ќе престане да ја произведува Galaxy Note линијата

Она што започна во август како скриена гласина, а во последниве месеци доби повеќе внимание, сега се чини дека се остварува – „Samsung“ навистина ќе престане да ја произведува телефонската линија „Galaxy Note“.

Најновата потврда за овие тврдења доаѓа од „Reuters“, и се заснова на информации од три извори кои имаат сознанија на оваа тема.

Наводниот потег на јужнокорејската компанија е последица на послабата побарувачка за премиум телефони поради ситуацијата со пандемијата со Ковид-19. „Samsung“, наводно, планира да ги премести своите развојни ресурси, кои ќе ги насочи кон линијата на флексибилни телефони.

Еден извор спомнува и дека „Samsung“ планира да обезбеди поддршка со „S Pen“ за „Galaxy S21 Ultra“ и следниот флексибилен телефон на компанијата. „S Pen“ ќе се продава одделно и во двата случаи.

Останува да се види дали споменатите гласини ќе се остварат, а некои од нив би можеле да бидат потврдени уште во јануари, кога се очекува да биде објавена серијата телефони „Galaxy S21“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП