29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Caviar“ создаде луксузен „iPhone 12 Pro“ без камери! (ВИДЕО)

„Caviar“ создаде луксузен „iPhone 12 Pro“ без камери! (ВИДЕО)

Руската компанија „Caviar“, која редовно објавува луксузни „Limited Edition“ телефони, овој пат ни го претстави „iPhone 12 Pro“ – без камери!

„Titanium iPhone 12 Pro Stealth“ e дизајниран како би го заштитил сопственикот од тајно следење. Ознаката „Stealth“ се однесува на спречување детекции при користењето на различни технологии кои ја намалуваат рефлексијата/емитирањето на радарот, инфрацрвеното и видливото светло, спектрумот на радио фрекфенција и зувк – сето ова е колективно познато како „stealth“ технологија.

Главната карактеристика на моделот „Titanium iPhone 12 Pro Stealth“ е недостатокот на камери. Сите камери на задната страна се отстранети, додека предната камера е оневозможена. Како резултат на тоа, измамниците и хакерите немаат пристап до телефонот. Во некои индустрии, каде безбедноста е многу важен аспект, користењето на телефони со камери не е дозволено.

Новата колекција се состои од два модели: „iPhone 12 Pro Stealth“ и „iPhone 12 Pro Stealth Gold“. Првиот модел е креиран од зајакнат титаниум со вертикални „Guilloche“ декорации. Другиот модел е поживописен, со куќиште од зајакнат титаниум и дополнителни издржливи „PVD“ од злато.

„Caviar“ ќе создаде 99 копии од двата модели. „Stealth Edition“ има почетна цена од 5.060 долари, додека „Stealth Gold Edition“ има цена од 5.520 долари, а достапни се во верзии со 128GB, 256GB и 512GB простор за складирање на податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП