23 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGM повторно е лидер по продажба

GM повторно е лидер по продажба

general-motors-headquarters-detroit-2012-02-16

Во вториот квартал „General Motors Co.“ (GM) има продадено повеќе автомобили од „Toyota Motor Corp.“ за прв пат по шест квартали и со тоа повторно ја предводи индустријата во продажба.

Групацијата „Toyota“ продаде 2.48 милиони автомобили во текот на вториот квартал, додека продажбата на американскиот гигант со седиште во Детроит изнесува 2.49 милиони возила. „Toyota“ продолжува и натаму да е пред „Volkswagen AG“, која има продадено 2,39 милиони возила во изминатите три месеци.

Подемот на „GM“ до првото место дојде во оваа недела во која компанија и нејзиниот конкурент „Ford Motor Co.“ ги објавија добивките, а со кои ги надминаа и очекувањата на аналитичарите.

Продажбата на „Toyota“ се намалува поради нејзината зависноста од локалниот пазар, каде што побарувачката се повеќе се опаѓа, бидејќи Јапонците избираат да се возат со метро наместо со автомобил. Продажбата на „Toyota“ во првите шест месеци од годинава забележи пад од 1.2 проценти или продадени 4.91 милиони автомобили. „GM“ има продадено 4.85 милиони автомобили, а „Volkswagen“  4.7 милиони.

На крајот на декември „Toyota“ предвиде дека продажбата на компанијата за 2013-та година ќе порасне до 10 милиони парчиња,  ниво кое јапонскиот автопроизводител не го достигнал досега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП