19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСимптоми кои лесно се игнорираат а може да значат дека имате корона

Симптоми кои лесно се игнорираат а може да значат дека имате корона

Иако експертите предупредуваат дека треба да ги следиме симптомите при контакт со лице кое е заболено од коронавирус, болеста Ковид-19 досега се манифестираше на различни начини, а некои од нив се многу слични на сезонски вируси, грип, настинки, па дури и алергии.

Затоа станува изненадувачки тешко да се заклучи дали сте заразени само врз основа на симптомите. Според истражувањето спроведено на Универзитетот Стенфорд, има такви што е лесно да се игнорираат.

„Може нема да забележиме значителен број на болни пациенти со коронавирус, бидејќи се фокусираме првенствено на респираторните симптоми“, рече Александар Падбој, коавтор на студијата.

Кога станува збор за рани симптоми кои можат да покажат дека некое лице е заразено со Ковид-19, тој ги издвојува овие:

Стомачни болки

Луѓето заразени со коронавирус, како што веќе напишавме, не мора да покажуваат респираторни симптоми, тие можат да имаат стомачни проблеми како што се повраќање и дијареја, но може да чувствуваат и блага болка во абдоминалната област. Според студијата објавена во журналот “Гастроентерологија” во април, 32% од испитаниците во групата на заболени имале проблеми со стомакот, а повеќето ги опишале како благи.

Конфузија

Бавноста, намалената концентрација, па дури и привременото губење на меморијата се невролошки последици што некои ги припишуваат на болеста Ковид-19. Студијата објавена во октомври од страна на „Нортвестерн Медицин“ откри дека 82% од пациентите хоспитализирани со коронавирус имаат невролошки симптоми.

Инфекција на очите

Иритирано око може да биде уште еден знак дека коронавирусот веќе е во вашето тело. Студија објавена во “ЈАМА Офталмологија” откри дека состојби како хемоза (оток на проѕирната мембрана на окото) и епифора (прекумерно солзење на окото) се забележани кај 30% од пациентите во една кинеска болница.

Досега се покажа дека и конјунктивитисот може да биде и симптом на инфекција со коронавирус.

Замор

Иако чувството на замор е еден од најтешките симптоми за препознавање и издвојување како симптом, тоа многу често се јавува кај пациенти со коронавирус. Според некои студии, заморот дури се карактеризира како главен симптом.

Ако заморот е придружен со губење на апетит, болка во мускулите и слабост, тоа може да биде симптом, а не „обичен замор“, пренесува „Мое здравје“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП