28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Galaxy A12“ и „Galaxy A02s“ - премиум телефони по одлични цени

„Galaxy A12“ и „Galaxy A02s“ – премиум телефони по одлични цени

„Samsung Electronics“ ги претстави „Galaxy A12“ и „Galaxy A02s“ – нови смартфони за 2021-ва година. Двата телефони доаѓаат со исклучително долготрајна батерија, систем со повеќекратни камери и голем дисплеј, придонесувајќи за уште поголема разновидност на „А“-серијата и на корисниците им нуди најнови иновации по одлични цени.

„Galaxy A02s“ и „A12“ овозможуваат исклучително искуство со 6,5-инчен HD + Infinity-V дисплеј. Покрај тоа, моќната батерија од 5.000mAh овозможува да гледате неколку епизоди од омилената серија без прекини, додека брзиот полнач од 15W гарантира полнење на батеријата во најкус можен рок.

Овие уреди доаѓаат со моќни камери што го прават сликањето и снимањето полесно од кога било досега. „Galaxy A02s“ има главна камера од 13MP, додека онаа на „A12“ има 48MP, како и ултра-широка камера од 5MP. Телефоните имаат и сензор за длабочина од 2MP, одличен за фокусирање на деталите, како и макро сензор со иста резолуција, што дополнително ја збогатува секоја снимка.

Двата модели се со елегантно дизајнирана кутија, пријатна за држење во рака, со мат финиш на задниот дел од телефонот. „Galaxy A12“ и „A02s“ ќе бидат достапни во бела и црна боја, додека „A12“ има и сина верзија, како и поддршка за безбедносната платформа „Samsung Knox“, со читач на отпечатоци на страна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП