25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Motorola“ подготвува нов предводник за почетокот на 2021-ва

„Motorola“ подготвува нов предводник за почетокот на 2021-ва

Оваа година, „Motorola“ го објави својот прв водечки смартфон по долго време, „Motorola Edge +“. Сега, благодарение на информациите од „TechnikNews“, дознаваме дека компанијата подготвува нов премиум модел во 2021-ва година.

Неговото кодно име е „Nio“ (XT2125) и се очекува да го користи годинашниот чипсет „Snapdragon 865“. Покрај тоа, ќе бидат достапни верзии со 8/12 GB RAM и 128/256 GB меморија.

Моделот ќе има дисплеј со „Full HD +“ резолуција и брзина на освежување од најмалку 90 Hz. Исто така, ќе има отвор за двојна селфи камера, која ќе вклучува сензори од 16MP и 8MP. Главната камера ќе има сензор од 64 мегапиксели, втората со 16MP со ултра-широка аголна леќа и 2MP за „боке“ ефекти.

Премиерата на новиот модел најверојатно ќе биде во првиот квартал од 2021-ва година и „Android 11“ ќе се користи како софтвер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП