28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Macy's“ објави загуба трет квартал по ред

„Macy’s“ објави загуба трет квартал по ред

Американскиот ланец стоковни куќи „Macy’s“ објави дека неговите нето приходи од продажба паднале за повеќе од 20% во третиот квартал.

Покрај тоа, компанијата објави трета последователна четвртина со загуби бидејќи пандемијата на коронавирусот продолжува да влијае негативно на финансиските резултати на трговците на мало.

Нето-продажбата достигна 3,99 милијарди долари, што е за 23% помалку во однос на претходната година. Аналитичарите анкетирани од „FactSet“ очекуваа 3,91 милијарди долари.

Приходите од продажба на малопродажни места, кои се отворени најмалку една година, паднале за околу 20% во кварталот што заврши на 31-ви октомври.

Гледајќи напред кон она што е најважно за трговците во четвртиот квартал, извршниот директор Џеф Џенет рече дека оваа година е единствена, но изрази доверба во понудите на компанијата.

„Знаеме дека оваа година е поинаква“, коментира тој за Божиќната сезона, но додава дека компанијата „има вистински асортиман на подароци“.

Од „Macy’s“ велат дека нејзината загуба е 91 милион долари, или 29 центи по акција, а прилагодената загуба е 19 центи по акција. Ова е многу помала загуба отколку што очекуваше „Вол Стрит“. Една година порано, компанијата имаше профит од 2 милиони долари.

Иако компанијата објави загуба за кварталот, се покажа дека е многу помала отколку во првиот и вториот квартал од фискалната година на „Macy’s“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП