21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗЗелено светло за производство на Taigun

Зелено светло за производство на Taigun

taigun

Раководните лица во Фолксваген им одобрија на своите инженери да започнат со развој на серискиот модел на концептот „Taigun“. Малиот кросовер би требало да се најде во продажните салони во 2016-та година.

Автомобилот, чиј концепт имаше премиера на авто-саемот во Сао Паоло во 2012-та година, е со должина под 4 метри и цели на пазарот на слични модели во сегментот каде конкуренцијата се уште не е толку голема.

„Taigun“ сепак нема да биде вистински теренец со оглед дека засега се предвидува само верзија со погон на предните тркала.

taigun1

Фолксваген на купувачите најверојатно ќе им понуди верзии со трицилиндрични мотори кои би требало да бидат помоќни од оние кои го придивижуваат моделот „Up!“. Исто така се наведува дека е во план и варијанта со погон на гас.

Се очекува ова возило да се произведува во фабриките на компанијата во Бразил и Индија, а како опција се разгледува и погонот во Русија.

Иако првично беше замислен како модел за пазарите во развој, „Taigun“ ќе биде понуден и на европските купувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП