Вториот светски рекет Рафаел Надал, синоќа на завршниот АТП турнир во Лондон го победи минатогодишниот шампион Стефанос Циципас (6:4, 4:6, 6:2) и се пласираше во полуфиналето.
Шпанецот по десетти пат е дел од завршниот турнир, а по шести пат ја минува групата. Последен пат тој успеа да ја помине групната фаза во 2015 година.

