4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали партнерството на „Huawei“ со „Leica“ е минато? „Huawei“ вели - нема...

Дали партнерството на „Huawei“ со „Leica“ е минато? „Huawei“ вели – нема шанси!

„Huawei“ и „Leica“ за прв пат се здружија за „Huawei P9“ уште во 2016-та година, кога компанијата за камери, исто така, придонесе за обработката на слики, дизајнот на корисничкиот интерфејс и дизајнот на модулот на камера. Оттогаш, видовме голем број водечки модели на „Huawei“ како се составувани со марката „Leica“.

Откако започнаа првите гласини дека истекол договорот за соработка, „Huawei“ сега го демантира тврдењето дека е истечено партнерството меѓу двете компании. Поточно, кинеската марка рече дека тврдењето е „апсолутно лажна вест“.

Изворот на гласините е најчесто „Weibo tipster Digital Chat Station“, кој исто така тврди дека „Leica“ била контактирана од други кинески производители на паметни телефони.

„Leica“ беше контактирана за да ги потврди или негира гласините, но претставник на компанијата рече дека тие „немаат информации за раскинување на партнерството“.

Сите водечки модели на „Huawei“ од 2016-та беа објавени како дел од партнерството со „Leica“, што се совпаѓа со подемот на „Huawei“ како важна фотографска алатка.

„P9“ веројатно ја стави оваа компанија на светската мапа, што се однесува до фотографијата, благодарение на неговиот супериорен систем на двојна задна камера (12MP камера + 12MP монохроматска камера). Другите паметни телефони објавени како дел од партнерството со „Leica“ ги вклучуваат серија „Huawei P20“ (која први понуди нова генерација на ноќен режим) и серијата „Huawei P30“, во пакет со сензор за камера „Sony RYYB“ за подобрени перформанси при слабо осветлување.

Најновите телефони „Huawei Mate 40“, исто така, имаат камера на „Leica“, а во сите рецензии „Mate 40 Pro“ стои дека обезбедува фантастични слики. Затоа очекуваме и идните водечки модели да ја продолжат соработката со брендот „Leica“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП