Францускиот падобранец и летач, Винс Рефе, член на славниот тим „Џетмен Дубаи“, познат по своите неверојатни трикови, загина во несреќа на тренинг во Обединетите Арапски Емирати.
36-годишниот Рефе беше познат по своите бестрашни летови со закачени мотори на грбот над Дубаи, но и над француските Алпи. Трагедијата се случила во вторникот кога Рефе тренирал во пустината во близината на Дубаи, но деталите не се откриени.

