26 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета со вилушка

Диета со вилушка

Оваа диета е мошне едноставна. Имајте обилен појадок, просечен ручек и лесна вечера, за која ќе јадете што сакате (секако во одредени граници) само доколку користите вилушка.

Така, за вечера забранети се намирниците, кои обично ги јадете со раце, јадењата кои се консумираат со лажица, се мачкааат на леб и јадењата за кои користите нож. Вака изгледа вашето седумдневно мени.

Појадокот е ист за секој ден и се состои од свежо исцеден сок од портокал или 1 овошје, житарки со млеко или интегрален леб со мармалад.

1 Ден

Ручек: барен карфиол, бело месо на скара, 1 овошје по избор

Ужинка: 2 круши

Вечера: ориз со зеленчук

2 Ден

Ручек: шампињони на шар, сирење, 1 овошје по избор

Ужинка: пудинг

Вечера: тестенини со туна

3 Ден

Ручек: салата со варен кељ, телешко месо на скара, 1 овошје по избор

Ужинка: парче пита од јаболка

Вечера: кус-кус со зеленчук

4 Ден

Ручек: супа од зеленчук со малку пармезан, двопек, сезонско овошје или овошен јогурт

Ужинка: овошна салата

Вечера: салата од наут и туна

5 ден

Ручек: запечени шпагети во сос, карфиол, овошна салата

Ужинка: овошен јогурт

Вечера: риба

6 Ден

Ручек: матени јајца, пире од компири, овошје по избор

Ужинка: сок од моркови

Вечера: салата од краставици, маслинки и сирење

7 Ден

Ручек: печено пилешко месо, зеленчук на скара, ананас

Ужинка: чај и 3 бисквити

Вечера: ориз со шкампи

Оваа диета се раководи по познатата поговорка: „Појадокот изеди го сам, ручекот подели го со некого и вечерата подари ја некому“. Пред спиење можете да испиете чај со мед и лимон, за да ви помогне да заспиете после минималната вечера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП