На официјалната прес-конференција спроти утрешниот натпревар од Лига на нации против Естонија, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски најави игра на победа и напад на првото место во групата.
-Истакнав и претходно дека главна цел е пласман на ЕП, ама моментално сме на прво место во групата и ќе дадеме се да бидеме први во Лигата на нации. Нормално е по голем пласман емоциите да се испразнети, ама кога играш нов меч за Македонија, сите ќе се потрудат максимално. Имаме доволно квалитет за победа, па да одиме на Кипар и таму да решаваме за првото место.

