По паузата поради настапи на машката ракометна репрезентација, Голден Арт КЛ7 ја продолжи серијата успешни резултати започната со нерешениот резултат во Струга и победата над Јуниор КВ. На денешниот натпревар, младите момчиња на Андон Бошковски го совладаа фаворитот Пролет со резултат 32:30.
Голден Арт КЛ7 од самиот старт наметна препознатлива игра со многу трчање и ротации во играта, одржувајќи минимална предност. Одбраната функционираше солидно, поддржана од голманот Андреј Петковски. Во нападот Игор Ѓорѓиев и Кристијан Симоноски беа на високо ниво, но со голема поддршка уште на неколкумина играчи како тинејџерот Ѓорговски, Цветаноски, Гајиќ и Буторац.


