Познати се имињата на сите 24 репрезенатиции кои наредното лето ќе учествуваат на 16 Европско првенство во фудбал. Прв пат во историјата учесник на континеталноот првенство ќе биде и Македонија. Македонската селекција е сместена во Ц-групата, а противници ќе и бидат Австрија, Украина и Холандија.
ЕП ќе се одржи во 12 држави, домаќини ќе бидат Англија (Лондон), Германија (Минхен), Италија (Рим), Азербејџан (Баку), Русија (Санкт Петербург), Унгарија (Будимпешта), Романија (Букурешт), Холандија (Амстердам), Шпанија (Билбао), Шкотска (Глазгов), Ирска (Даблин) и Данска (Копенхаген).

