Инстаграм акаунтот на Жозе Мурињо предизвикува огромно внимание во последно време, откако менаџерот на Тотенхем ја користи својата специфична смисла за хумор за коментари за секоја фотографија, и сега „Специјалниот“ признава дека на тоа го убедиле неговите спонзори.
Тој првично го затвори својот Инстаграм акаунт пред неколку години, но сега е полн со саркастични коментари, иако вели дека не им праќа пораки на своите играчи со тоа.
„Не, не е целта да се праќаат пораки до моите играчи, бидејќи тоа можам да им го кажам лично. Уште не сум вистински човек за Инстаграм по природа, и да бидам искрен, тоа го побараа моите спонзори. Тие сметаа дека го затворив акаунтот со неколку милиони следбеници и тоа не беше во ред. Сега го правам тоа. Малку по малку, навистина е смешно и не ми е проблем“, вели Мурињо.
https://www.instagram.com/josemourinho/?hl=ennjo-stana-instagram-zvezda