Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн постигна јубилеен гол на вечерашниот натпревар од Лига Европа против Лудогорец. Овој натпревар беше 300-ти за Кејн во дресот на „Спарс“, а погодокот 200-ти.
Дваесет и седумгодишниот Кејн за првиот тим на Тотенхем игра од 2011 година.

