2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Родриго ги „крена“ Реал над Интер, Ливерпул и Жота издоминираа во...

ЛШ: Родриго ги „крена“ Реал над Интер, Ливерпул и Жота издоминираа во Бергамо

Реал Мадрид стигна до многу важна 3:2 победа над Интер во дербито на третото коло од Лигата на шампиони, победувајќи го упорниот противник, кој успеа да се врати од 2:0 негатива, но немаше сили за сензација.

Мечот не почна најдобро за „нероаѕурите“, откако Карим Бензема во 25. минута ја искористи лошата реакција на Ашраф Хакими за 1:0, за Серхио Рамос седум минути подоцна да го постигне својот 100. гол за „кралевите“ за 2:0. Сепак, Лаутаро Мартинез постигна одличен гол во 35. минута, за во второто полувреме да му асистира на Иван Перишиќ за 2:2, пред да проработи „бразилската врска“ – Винисиус Жуниор му асистираше на Родриго во 80-тата минута за три поени.

Ливерпул немаа вакви маки и го забележаа третиот триумф во три меча во ЛШ, неочекувано доминирајќи на гостувањето кај Аталанта, триумфирајќи со високи 0:5. Диого Жота покажа дека е виситнско засилување за Јирген Клоп со хет-трик против клубот од Бергамо, а во листата на стрелци се запишаа и Мохамед Салах и Садио Мане.

Максимални по три меча се и Манчестер сити, откако Феран Торес, Габриел Жесус и Жоао Кансело им донесоа 2:0 победа над Олимпијакос, додека Порто ги остави Марсеј со нула поени со 3:0 победа.

Европските шампиони Баерн исто така се убедливи со 9 поени, откако со 6:2 триумфираа кај Ред бул Салцбург иако до 78. минута беше 2:2 и сосема неизвесно.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО

ГРУПА А

Локомотив Москва – Атлетико Мадрид 1:1

Ред бул Салцбург – Баерн Минхен 2:6

Табела: 1.Баерн 9, 2.Атлетико 4, 3.Локомотив 2, 3.Салцбург 1

ГРУПА Б

Шахтјор Доњецк – Борусија Менхенгладбах 0:6

Реал Мадрид – Интер 3:2

Табела: 1.Менхенгладбах 5, 2.Шахтјор 4, 3.Реал М 4, 4.Интер 2

ГРУПА Ц

Манчестер сити – Олимпијакос 3:0

Порто – Марсеј 3:0

Табела: 1.Манчестер сити 9, 2.Порто 6, 3.Олимпијакос 3, 4.Марсеј 0

ГРУПА Д

Аталанта – Ливерпул 0:5

Митјиланд – Ајакс 1:3

Табела: 1.Ливерпул 9, 2.Ајакс 4, 3.Аталанта 4, 4.Митјиланд 0

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП