26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Baby Shark“ е веќе најгледаното видео на „YouTube“ (ВИДЕО)

„Baby Shark“ е веќе најгледаното видео на „YouTube“ (ВИДЕО)

Забавната детска песна „Baby Shark“, снимена од јужнокорејската компанија „Pinkfong“, стана досега најгледаното видео на „YouTube“, пишува „The Guardian“.

Со 7,04 милијарди прегледи го надмина „Despacito“ – хитот на порториканската поп-sвезда Луис Фонси и „Daddy Yankee“ од 2017-та година.

„Baby Shark“ ја грабна „круната“ повеќе од четири години по првото објавување на платформата. Не е јасно кој е автор на песната, иако одамна е популарна забава за децата. На крајот стана глобален феномен откако ја сними 10-годишната Хоуп Сегоин, која има корејско-американско потекло. Снимката е произведена од едукативната компанија „Pinkfong“ и вклучува забавен танц.

Видеото брзо се здоби со огромна популарност во Југоисточна Азија, а подоцна се прошири и во САД и Европа. Песната достигна до број шест на британската табела за синглови, а број 32 во САД.

Хитот е долг само 1:25 минути, но смешниот рефрен сугерира да го слушате повторно и повторно, што помогна да се постигне рекордот.

„Baby Shark“ порасна до точка на турнеи, продажба на стоки, книги и друга стока и уживање во неколку други верзии. Самиот Луис Фонси учествуваше во една од нив. Друго промовираше миење на рацете за време на пандемијата на коронавирусот. Самата песна не е во сопственост на „Pinkfong“, а компанијата беше тужена во 2019-та година од страна на детскиот текстописец Џонатан Рајт, кој во 2011-та година сними слична верзија на оваа на „Pinkfong“ и тврди дека ги има авторските права. Засега нема одлука за случајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП