19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајдобрата работа која можете да ја направите кога ќе се разбудите…

Најдобрата работа која можете да ја направите кога ќе се разбудите…

Вежбањето во било кое време од денот е корисно и здраво, но истражувањата покажуваат дека утринското вежбање подобро влијае на зголемувањето на енергијата и во подобрувањето на расположението во текот на денот. Еве неколку причини порано да станете и малку да повежбате.

Ќе се наполните со енергија

Ако првата работа која ќе ја направите наутро е заминувањето на прошетка, целиот ден ќе бидете поактивни и ќе имате поголема енергија во текот на денот.

Вашиот мозок ќе има корист од тоа

Редовното вежбање го зголемува производството на протеините кои стимулираат ментална перцепција, ефектот може да трае и до 24 часа, што значи дека ноќното вежбање нема да ви ја подари оваа корист.

Ќе создадете навика

Ако вежбањето е првата работа на дневната листа за обврски тоа значи дека најпрво ќе вежбате пред да завршите некои други работи и обврски, како професионалните или семејните. Истражувањата покажаа дека ќе имате поголема мотивација да продолжите со понатамошните обврски, ако вежбите ги направите наутро. Со тоа ќе создадете навика за успешно функционирање секој ден.

Помалку ќе јадете

Вежбите наутро се покажуваат како добри борци во потиснувањето на желбата за храна во текот на денот. Исто така, со утринското вежбање, вашето тело побрзо и поефикасно ќе ги троши калориите во текот на денот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП