Тотенхем ги победи Брајтон со 2:1 во последниот денешен меч од Премиер лигата, но резултатот сигурно ќе биде во сенка поради тоа што се случуваше со ВАР системот и судијата Греем Скот при постигнувањето на голот на гостите.
Тимот на Жозе Мурињо поведе во 13-тата минута со гол од пенал на Хери Кејн, и имаше доминација во играта, пред во 56. минута, Тарик Лемпти да го постигне израмнувачкиот гол за Брајтон. Проблемот беше во тоа што имаше очигледен фаул пред да се постигне голот, а судијата Скот иако реши да го консултира ВАР системот, реши да остане на својата првична одлука и да го признае голот.

