28 март, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп 02.11.2020 до 08.11.2020

Неделен хороскоп 02.11.2020 до 08.11.2020

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Можно е на деловен план да добиете некои погрешни информации, па внимавајте.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта можете да сметате на стабилност со саканото лице без оглед на повремените конфликти.

ЗДРАВЈЕ: Можен проблем со вишок токсини во организмот.

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Периодот не е претерано поволен за деловното поле, се наоѓате под голем стрес.

ЉУБОВ: Емотивно сте доживеале некое мало разочарување и потребно ви е време да закрепнете од тоа.

ЗДРАВЈЕ: Можна појава на воспаленија и болни состојби.

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Ве очекува исклучително добар период за работа, ќе бидете многу активни и посветени на своите цели.

ЉУБОВ: На полето за љубов можете да очекувате интересна тајна авантура со лице родено во воден знак.

ЗДРАВЈЕ: Без нагласени проблеми.

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Можно е да не размислувате сосема рационално сега и да сте склони на мали заблуди на деловниот план.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубота можете да очекувате флерт со некоја личност од пријателското опкружување.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми поврзани за низок притисок, омалаксаност и замор.

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Секоја работа во која сега ќе вложите пари ќе ви се исплати, материјално ви доаѓа подобрување.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта ќе уживате бидејќи партнерот максимално ќе ви угодува.

ЗДРАВЈЕ: Ќе се чувствате генерално добро.

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Ве очекува поволен период за остварување на амбициите, можете да сметате на успех.

ЉУБОВ: На полето за љубов ви доаѓаат убави моменти со некое ново лице кое во вас ќе пробуди длабоки емоции.

ЗДРАВЈЕ: Можен проблем со циркулацијата.

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Можеби ќе се најдете пред некои нови деловни одлуки и подобрување на финансиите.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација засега е недефинирана, ќе имате ситни проблеми поради кои нема да можете да си ја дефинирате состојбата.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со урогениталниот тракт.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Периодот не е поволен за склопување на нови деловни преговори бидејќи вашиот интерес може да биде оштетен.

ЉУБОВ: Партнерот се однесува променливо па нема да знаете како да се поставите кон него.

ЗДРАВЈЕ: Можни воспаленија и настинки.

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: Ќе ве оптеретува голем број на обврски и нема да ви биде лесно да излезете на крај со нив.

ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува променлива состојба со саканото лице и некое помало разочарување.

ЗДРАВЈЕ: Пад на имунитетот и можни проблеми со крвната слика.

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Оваа недела воопшто нема да ви се работи, но навистина ќе морате. Најважно е само да не сметате на среќата.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта ве очекува ново познанство но сеуште нема да има конкретизирање на односите.

ЗДРАВЈЕ: Можни се срцеви пречки, проблеми со крвниот притисок или крвните садови.

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Продолжува фазата која воопшто не е лесна за полето работа, особено не ако имате приватен бизнис.

ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекуваат несогласувања со саканото лице.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со недостаток на енергија и емотивна растроеност.

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Можете да очекувате постепена стабилизација на полето за работа.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, ве очекуваат исклучително убави моменти со лицето кое го сакате.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП