Работнички го доби првиот голем меч на отварањето на Суперлигата, триумфирајќи над „вечните“ ривали МЗТ со 94:90 (27:15, 18:30, 26:21, 23:24) во меч полн со пресврти најавувајќи интересна борба за титулата.
Работнички имаше одлично отварање на мечот и предност од осум поени по првата четвртина, но „металците“ вратија со 10:0 серија за на полувреме да се отиде со нерешен резултат (45:45). Двата тима не успеаа да се одвојат ниту во второто полувреме, пред Работнички на Димитар Мираковски да се одлепи и да стигне до победата.
Питс со 29 поени беше најдобар за Работнички, а одлични беа и Белмазовиќ (19) и Вашингтон (17), додека кај МЗТ најефикасен беше Олуџоби со 19 поени.